На големото финале на шоуто „Звездите на Гранд“, што се одржа синоќа победи Махир Мулалиќ, кој го победи фаворитот Исак Шабановиќ. На прашањето на новинарот дека се тресе и дека паѓа во несвест Махир рече:
– Така е, добив инфузија пред снимањето, но на крајот се беше во ред. Ова е шок, во секоја смисла. Исак и јас бевме многу добри низ натпреварот. Кога се најдовме во финалето, сè што ми беше важно е да се сконцентрирам – рече Махир.
Победникот призна и дека ја посветил победата на својата мајка. С кога новинарите го прашаа Махир од кого се трагите на кармин и пудра на неговата јакна тој збунето рече:
– Не знам каде води ова интервју!