Два дена затишје, а од вторник нов пекол – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 8:28 AM

Два дена затишје, а од вторник нов пекол

Кој можел да побегне викендов на планина барем за кратко се спасил од пеколните жештини. Барем за кратко, бидејќи најавата на УХМР е дека денес и утре за неколку степени ќе падне температурата, но од вторник повторно се најавуваат пустински температури.

-Денес и утре ќе биде малку посвежо време. Денес ќе дува слаб ветер а температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8. Скопје ќе живее во слично време,  со температура  до 36 степени, информираат од УХМР.

Ова минимално заладување ќе трае до вторник, кога повторно ќе биде многу топло, со температура до 40 степен. Најтопло се очекува да биде во четврток кога, температурата  повторно ќе достигне до 41 степен.