„Сите ние имаме еднакви човекови права и кога зборуваме за правата на ЛГБТ и луѓето зборуваме за човекови права и затоа е бесмислено во 21 век да му се оспоруваат правата за нормален и достоинствен живот на некој граѓанин или граѓанка. И затоа пораката што ја праќаме е да се сопре со дискриминацијата врз ЛГБТ, со говорот на омраза, насилството од омраза, стигматизацијата, беше речено на денешната, втора по ре Парада на гордоста, која се одржа во Скопје.
А за прашањето зошто е потребен „прајд“, нека си има, не мора да ги гледаме, кое го сметаат за најчесто поставувано на парадата рекоа:
-ЛГБТ мора и треба да ги гледаме и затоа е пораката „вон ѕидовите“. Затоа што тие се дел од нашето опшество, нашите роднини, пријатели, нашите сограѓани, нашите доктори или учителки. И тие сакаат гласно да порачаат дека им следуваат сите права и слободи, како и на секој граѓанин на општеството, беше речено на парадата, која се одржа и на плус 40, затоа што пораката е токму таа- воз а не во ѕидовите.
Парадата беше поддржана од стотици граѓани а меѓу учесниците беа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска и министерките Радмила Шекеринска и Јагода Шахпаска.
Погледнете ја видео-галеријата направена во Школка во градски парк.
Фото: Вангел Тануровски