Тешко е цел живот да се криеш и плашиш, отвори срце- Васил Гарванлиев ќе ја отвори Парадата на гордоста во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/21 12:06 PM

Тешко е цел живот да се криеш и плашиш, отвори срце- Васил Гарванлиев ќе ја отвори Парадата на гордоста во Скопје

Парадата на гордоста ќе ја отвори напиот годинашен претставник на песна на Евровизијата Васил Гарванлиев со песната „Here I stand“. Со оглед на тоа што тој неодамна отворено прозбори за својата сексуална ориентација, а потоа и настапи на ваква парада во Бугарија, ММС го контактираше за неговото мислење за парадата кај нас.

-Секакод ека ќе ја отворам. Ќе настапам со евровизиската песна. Почнувајќи со Тамара, нова традиција е секогаш Парадата на гордоста да ја отвора претставникот на Евровизија. Пред минатата година беше Тамара, минататат година поради пандемијата немаше и сега ќе настапам јас.

-Во моментво пристигнуваат сите, се подготвувам да застанам на сцена. Настапот е под слоганот- вон ѕидовите. Сега со пандемијата цел свет почуватсвува што значи да немаш слобода да бидеш ти, да се криеш. Затоа ќе порачам- стави се во кожата на сите луѓе кои живеат цел живот плашејќи се да направат чекор. Затоа отвори срце, отвори душа, сите сме едно срце, без разлика, ни рече Васил.