Џејсон Кид како тренер се враќа во Далас Маверикс – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 10:56 PM

Џејсон Кид како тренер се враќа во Далас Маверикс

Рик Карлајл е минато за Маверикс. Џејсон Кид е тренерското име кое од денес ќе го замени тренерот со кого освои НБА титула во 2011 година како кошаркар.

Поранешниот плејмејкер потпиша четиригодишен договор со франшизата од Тексас и токму беше препорачан од Карлајл како негов наследник на клупата на Далас, пренесуваат американските медиуми.

За Кид ова е трет професионален ангажман како главен тренер во својата кариера. По епизодите со Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, сега четириесет и осумгодишниот стратег го презема Далас Маверикс во надеж дека екс-шампионите конечно ќе направат нешто повеќе од прва рунда во плеј-офот.

Џејсон Кид беше дел и од ланската шампионска сезона на Лос Анџелес Лејкерс. Таму како асистент на Френк Вогел во финалето на „корона“ кампањата 2019/20 ги порази Мајами Хит.

На Западниот брег во 1994 година, Џејсон Кид ја започнува кариерата во екипата на Далас Маверикс каде што е избран како втор пик на драфтот.

 

 

 

 

Фото:

Twitter / @BleacherReport