Во Појасот Газа беа извршени серија израелски напади во кои загинаа десетици лица, а кои беа спроведени без предупредување и со ограничени разузнавачки информации дека напаѓаат, покажува истрагата објавена во американскиот весник „Њујорк тајмс“ (New York Times), јавува Агенција Анадолија (АА).
Видеоистрагата објавена во„Њујорк тајмс“, која делумно се потпира на снимките на Агенција Анадолија, ги испитува израелските воздушни напади кои го имаа за цел луксузниот кварт Римал користејќи некои од најголемите бомби на израелската војска.
Во нападите во утринските часови на 16 мај беа срамнети со земја три станбени згради, што резултира со 44 смртни случаи, во што е обележан единствениот најсмртоносен инцидент од 11-дневната воздушна кампања на Израел.
Израел вели дека нападите биле насочени кон подземниот команден центар на Хамас, и додека „нема докази дека Израел ги нападнал или директно ги имал за цел станбените згради“, експертите за американскиот весник рекоа дека видовите напади што биле документирани „лесно може да доведат до катастрофа и може да бидат воено злосторство“.
Израелската војска за „Тајмс“ изјави дека додека го имале за цел командниот центар на Хамас, тие не ја знаеле неговата точна локација, ниту големината. Не обезбедија докази за наводниот команден центар, а Хамас негира дека постои.
Фрагментите од бомби, претставени во весникот според информации добиени од полицијата на Газа, покажуваат дека бомбите кои паднале на улицата „Ал Ванда“ во Римал, каде што се наоѓале станбените згради, биле од американско производство, ГБУ-31 Марк 84, опремени со „џи-пи-ес“ уреди кои овозможуваат прецизно насочување.
Најмалку четири бомби биле фрлени од израелското воено воздухопловство во близина на станбените згради, покажа истрагата.
Израелската армија останува на ставот дека сите бомби ги погодиле своите назначени цели, но тоа не значи дека ударите биле во согласност со меѓународното право.
Во 11-дневниот конфликт во мај, животот го загубија 257 Палестинци, од кои 66 деца. Тринаесет лица загинаа во Израел поради палестински ракетен напад, вклучувајќи и две деца.