Истражувачите во Израел пронашле коски на досега непознат праисториски човек, а т.н Несер Рамла Хомо живеел пред околу 130.000 години, објави Универзитетот во Тел Авив.
Остатоците се пронајдени во близина на Тел Авив и новооткриениот тип потекнува од средниот плеистоцен, а покажува сличности со остатоците на други праисториски луѓе пронајдени во Израел и Евроазија, кои живееле пред околу 400.000 години.
Ова откритие ја доведува до прашање хипотезата дека неандерталците потекнуваат од Европа. Откритијата на научниците од Израел покажуваат дека познататите неандерталци од западна Европа се само остатоци на многу поголема популација која живееле на Левант, а не обратно.
Пронајдените коски сугерираат дека двете групи праисториски луѓе живееле едни покрај други на Левант повеќе од 100.000 години. Несер Рамла Хомо живееле во регионот пред 400.000 години, додека пак Хомо сапиенс се појавува подоцна, пред околу 200.000 години.
Подоцнежните пронајдоци укажуваат дека двете групи меѓусебно се измешале. Несер Рамла комбинира карактеристички на неандерталци, посебно деловите како заби и череп. Истовремено, многу се разликува од модерните луѓе – има потполно поинаква структура на череп, нема брада и има многу големи заби. Се смета дека припаѓа на т.н „исчезнати“ видови со кои Хомо сапиенсот се размножувал кога пристигнал во регионот.
Во ова откритие учествувале многу лекари, антрополози и археолози од Универзитетот Тел Авив и Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Извор:
novosti.rs
Фото:
novosti.rs