(ФОТО) Братот на Килијан Мбапе потпиша договор со ПСЖ – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 7:23 PM

(ФОТО) Братот на Килијан Мбапе потпиша договор со ПСЖ

Четиринаесетгодишниот брат на големата млада ѕвезда на францускиот и светскиот фудбал, Килијан Мбапе, потпиша договор со Париз Сен Жермен кој ќе го задржи на „Паркот на принцовите“ во следните три години.

Етан Мбапе ќе ги следи чекорите на неговиот постар брат, во обид да го наследи во сениорскиот тим во годините кои претстојат. Килијан од Монако, со кого стана шампион во сезоната 2017/18 и играше во полуфиналето од Лигата на шампионите, се пресели во ПСЖ за рекордни 145 милиони евра, претворајќи се најатрактивната трансфер мета за големците во името на Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи.

Освен титулите во домашното првенство со парижаните и куповите на Франција, Мбапе го покори светот со „триколорите“ во 2018. година во Русија. Во оваа кампања, на 47 меча брзоногиот напаѓач постигна неверојатни 42 погодоци.

 

 

 

 

Фото:

Twitter /@BleacherReport

Twitter /@433

sportsbeezer.com