Почна со работа Аква паркот во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 5:42 PM

Почна со работа Аква паркот во Скопје

Почна новата летна сезона во Аква Паркот, во склоп на СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.

-По пауза од една сезона поради пандемијата, Аквапаркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти-десет атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и детско катче за забава во песок. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава, велат од „Аквапаркот”.

Аква Парк Скопје е отворен секој ден од 10 до 19 часот.

 

 

Фото:

salaboristrajkovski.gov.mk

МИА