Од УХМР известуваат дека денес во земјава се измерени следниве температури: 28 степени во Лазарополе, 30 степени во Маврово, Крушево 33 степени, Берово 33 степени, Претор 34 степени, Охрид 35 степени, Крива Паланка 37 степени, Прилеп, Битола, Тетово и Виница 38 степени, Скопје-Петроввец 39 степени, Струмица 40 степени, Демир Капија 41 степен и во Гевгелија измерени највисоки 42 степени.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен. УВ=8.
Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст.