Металург се засили со седум ракометарки – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/18 1:05 PM

Металург се засили со седум ракометарки

ЖРК Металург сезоната ќе ја почне со максимални амбиции во македонското првенство, во националниот куп, во пионерското, кадетското и во јуниорското првенства на Македонија, информираат од клубот.

– Екипата го сочува својот лански состав, со кој ја освои вицешампионската титула, а дополнително се засили со пет ракометарки надвор од нашиот клуб, како и со две квалитетни ракометарки од нашиот подмладок, објави Металург на клупскиот сајт.

Нови ракометарки на ЖРК Металург се централниот бек Софтовска Стефани (16) и левиот бек/центар Леонида Гичевска (20) кои дојдоа од Вардар; левиот бек/центар Георгиевска Мила (16) и левиот бек/центар Стојановска Михаела (16) од подмладокот; левиот бек Темелковска Тамара (15), која дојде од Кичево; централниот бек Гулицоска Теодора (21) и десното крило Кукунешевска Ангела (19) кои во Металург пристигнаа од Струга.