Едната доби зет, другата по втор пат ќе стане баба – Среќа во семејствата на Маријана и Росана – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 11:54 AM

Едната доби зет, другата по втор пат ќе стане баба – Среќа во семејствата на Маријана и Росана

Среќа во семејствата на Маријана и Росана. Едната неодамна стана баба, а деновиве доби и зет, додека другата по втор пат ќе стане баба, очекува уште еден внук. Иако двете живеат разделено, од едниот крај на светот, до другиот, сепак, благодарејки на модерната технологија секој ден се гледаат и слушаат и си ги споделуваат маките и убавите вести за зголемување на семејствата.

ММС ги праша и двете пејачки како се чувствуваат како баби и како поминуваат низ овие топли и семејно среќни приказни.

-Прекрасно е чувството да станеш бабичка , да ја гледаш таа невина и нежна детска убавина и да не можеш да престанеш од галкање, гушкање и бакнување. Моја Ева, нане Маријана ја прави како питулица од гушкање исто како и Росана со Ноах.  Пресреќна сум што внуката Ивана со сопругот Џејмс Ќе станат родители На уште едно бебенце , бебуле кое ќе биде сакано од сите нас. Реалноста во која живееме е многу неизвесна за сите нас меѓутоа јас со мојот оптимизам и решителност да опстанам уште на оваа планета се надевам дека еден ден и мојата Меги со нејзиниот свршеник Ерик ќе ја спознаат таа несебична љубов кон своето чедо, вели Маријана.

Росана, пак,  не може да ја задржи среќата откако дозна дека доаќа уште еден внук. Таа на социјалните мрежи обајви дека Ноах, кој има три години, ќе има братче, а таа и Трупче по втор пат ќе станат баба и дедо.

-Со Трупче летаме од среќа. Супер. Прво ни беше бомба кога ни соопштија дека Ивана е бремена, а сега е веке 4 месеци и завчера дознавме дека доаѓа уште едно машко.   А овој наш убавец Ноах е циркус. Уживаме со Трупче секој ден во нови бисери, паѓаме во несвест од смеење. Не дека е наш ама преинтелегентен е а  сега на девети јули ќе полни три години. Многу е елоквентен, зборува уста не затвара. Се сака да знае,  прашува за се и бара да му објасниш. Навистина со Трупче уживаме, ни рече среќна Росана.