Како Сања Кужет симна 20 килограми од себе? Водителката ја открива тајната – Воопшто не е тешко! – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 9:17 AM

Како Сања Кужет симна 20 килограми од себе? Водителката ја открива тајната – Воопшто не е тешко!

Водителката на популарното шоу  „Ѕвездите на Гранд“ како и многу жени не крие дека имала проблеми со килограмите.

Сања Кужет  вредно тренира, постојано е во движење, но и внимава што јаде.

– Елиминирав леб од исхраната. Во принцип, јас не јадам јаглехидрати, затоа што едноставно бегаме од нив. Првото нешто што се откажав беше од тоа прекрасно, топло пециво, кое толку многу го сакав. Верувајте ми,  без јаглехидрати полесно ќе го протуркате рабониот ден бидејќи тие влијаат на нашиот сон. Кога ќе се ослободите од сè што ви пречи на здравјето, ќе видите дека тоа има корисен ефект и на вашиот изглед – рече Сања во едно интервју и продолжи:

– Никогаш не сум била голем фан на слатки. Веднаш штом ќе почувствувам како ми паѓа шеќерот, јадам овошје. Понекогаш земам и јагоди со шлаг, тоа е одлично за мене. Активно играм тенис веќе една година и многу ми помага да останам витка. Тој спорт е моја љубов од моите помлади денови, но претходно немав време да му се посветам на него. Благодарение на тенисот, имам повеќе енергија да вежбам и да бидам во добра форма.- искрено кажа водителката на најпопуларното шоу на Балканот „Ѕвездите на гранд“

Извор: Курир.рс