Опасно по живот! Познатиот уролог предупредува: Односи на +35 можат да предизвикаат смрт! – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/21 8:44 AM

Опасно по живот! Познатиот уролог предупредува: Односи на +35 можат да предизвикаат смрт!

Паровите имаат секс почесто во текот на летото, а бидејќи големата топлина е ризична за срцевите пациенти и луѓето кои имаат висок крвен притисок, ваквите интимни односи на висока температура може да доведат до ненадеен срцев удар.

– Каков односот може да биде на плус 35? Заморно, во никој случај не релаксирачки. Ниту жената ниту мажот нема да бидат задоволни. Таа потешко ќе достигне оргазам, а можеби нема ни да има, дури ако секојпат го доживува лесно – вели д-р Александар Милошевиќ спецјалист по урологија.

Според Милошевиќ, односите во текот на летните месеци се двојно поопасни отколку во зима, бидејќи, како што тврди, пациентите се порелаксирани и помалку физички активни затоа што претежно се на годишен одмор.

– Затоа ненадејниот и забрзаниот физички напор, како што е интимната врска, може да направи повеќе штета отколку корист. Интимната врска е здрава. Затоа се вели дека добрата врска е половина од здравјето. Но, мора да имаме предвид условите под кои имаме интимен однос, какви се учесниците во таа интимна врска, без разлика дали имале или имаат некаква штета во телото – објаснува урологот.

Извор и фото: Република.рс