Торнадото што го погоди југоисточниот дел на Чешка синоќа повреди најмалку 200 лица. Три лица го загубија животот, а оваа бројка не е конечна. Сцените по поминувањето на торнадото изгледаат апокалиптично.
JUST IN – Rare tornado devastates a town in the Czech Republic.pic.twitter.com/6XQQ12e4zm
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) June 24, 2021
Според чешките медиуми торнадото погоди неколку градови на југоистокот на Чешка и урна куќи до темел . Околу 75.000 луѓе во Чешка останаа без електрична енергија, повеќе од 40.000 од нив во јужна Моравија се најтешко погодениот регион, а поради дрвјата што торнадото ги сруши на пругата, имаше проблеми во железничкиот сообраќај.
BREAKING: Tornado causes major damage in the Czech Republic pic.twitter.com/TdSm87Z4gG
— BNO News (@BNONews) June 24, 2021
Чешки телевизиски метеоролог изјави дека торнадото било пријавено во градовите околу Ходонин, долж австриската граница и 270 километри југоисточно од Прага, може да достигна нивоа од Ф3-Ф4, а ветровите на последното ниво достигнаа 267-322 километри на час.
Снимките и фотографиите од социјалните мрежи покажуваат куќи и цркви без покриви, искршени прозорци, но и згради кои се целосно уништени, паднати дрвја и уништени автомобили.
Kostel a škola v Hruškách. Ulice pokryté trámy a cihlami. Zdroj:facebook #hodonin #hrusky #tornado pic.twitter.com/VhPIf8QI9T
— Martin Sekanina (@martinsekanina) June 24, 2021
— HZS JMK (@hzsjmk) June 24, 2021
Директорот на болницата во Ходонин, Антонин Тесарик, изјавил за ЦТК дека најголемиот притисок врз болницата е намален пред полноќ, но дека се чинело дека станува збор за воена состојба.
– Тоа беше апокалипса. Имаше крв насекаде, а беспомошните луѓе само плачеа. Животите ги спасија, но останаа без ништо – рече Тесарик.
Фото: Твитер