Централниот дефанзивец на премиерлигашот Брајтон и од неодамна англсики репрезентативец, Бен Вајт, се наоѓа пред потпис со Арсенал. Некогашниот стопер на Лидс Јунајтед, во трансфер вреден 50 милиони фунти, летово југот на Англија ќе го замени со Лондон, пренесува новинарот на „The Athletic“, Дејвид Орнстајн.
„Топџиите“ за потписот на Вајт не се соочуваат со никаква конкуренција и затоа се очекува дека неговиот трансфер на „Емирати“ ќе биде официјализиран наскоро. Добрите игри во екипата на Брајтон изминатата сезона, го претворија Вајт во еден од најперспективните централни дефанзивци на Островот и го натераа селекторот на „Гордиот Албион“ уште еднаш да размисли кого со себе ќе поведе на Европското првенство.
Дваесет и тригодишниот играч од одбраната, во кампањата 2020/21 за сино-белите настапи на 39 меча во сите конкуренции и заедно со Луис Данк го креираше непробојниот централен тандем, помагајќи му на својот тим да го зачува прволигашкиот статус.
Вајт за Микел Артета ќе претставува прво летно засилување, а уште неколку имиња се поврзуваат со трансфер во Арсенал во летниот преоден рок.
Фото: