Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври и треба само да се изгласа на пленарна седница претставува завршување на Договорите за работа со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи. Притоа, жените согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување можат на нивно барање да се пензионираат и на 62 години“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма, а пренесува прес-службата на МТСП.
Како изборно ветување пред граѓаните, министерката Шахпаска го посочи законското решение Недела, ден на неделен одмор, на кое, како што истакна таа се работеше изминатите 6 месеци преку широка и конструктивна дебата со сите засегнати чинители. Резултатот беше околу 42 исклучоци односно дејности каде што работниот процес не може да биде запрен.
Во врска со работата на новиот системски Закон за работни односи министерката ја истакна нужноста од неговото носење ако се земе предвид дека од 2004 година до денеска направен се преку 20 интервенции.
-Денешницата наметнува нови правила на игра дури и во работните односи. Пандемијата дел од тие работи ги забрза. Како потребата од работата од далечина, работата од дома, флексибилното работно време. Затоа работната група составена од експерти во трудово право, репрезентативни и нерепрезентатини синдикати, организација на работодавачи и останати засегнати страни, интезивно работеа изминатиов период, со цел да ги забрзаме процесите и прилагодиме на новото време, рече Шагхпаска.
Таа најави промени и во времетраењето на договорите на определено време, кои досега траеја 5 години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување.
-Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка и инклузивна јавна дебата, по која ќе треба да се најде баланс помеѓу двете барања . Договорите на неопределено време се уште генерираат сигурност во делот на социјалните трансфери и права кои произлегуваат од работниот однос, додаде Шахпаска.
Фото:
Press – MTSP