На конкурсот за астронаути на Европската вселенска агенција пријавени над 22.000 кандидати – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 8:21 PM

На конкурсот за астронаути на Европската вселенска агенција пријавени над 22.000 кандидати

Над 22.000 лица се пријавија на конкурсот за нови астронаути кој го објави Европската вселенска агенција (ESA), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Меѓу кандидатите кои се пријавиле на конкурсот за програмата за обука на нови астронаути на Европската вселенска агенција има и 5.419 жени.

Порталот „Спејс њуз“ (Spacenews) пишува дека одзивот на конкурсот е трипати поголем од одзивот на последниот ваков конкурс, распишан во 2008 година.

Стручната комисија на Агенцијата прво ќе изврши психолошко тестирање на кандидатите, а потоа ќе организира уште четири степена на елиминациски тестови.

Европската вселенска агенција планира да прими меѓу четири и шест учесници во новата програма за обука на астронаути.

Моментално во Агенцијата работат седум астронаути, по двајца од Германија и Италија и по еден од Велика Британија, Франција и од Данска.

Астронаутите на Европската вселенска агенција се вклучени во работата на астронаутските мисии кои се менуваат на должност во Меѓународната вселенска станица.