„Ноќна стража“ на Рембрант е реставрирана со помош на вештачката интелигенција – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 7:42 PM

„Ноќна стража“ на Рембрант е реставрирана со помош на вештачката интелигенција

Првпат во 300 години, Рембрантовата славна „Ноќна стража“ повторно е изложена во оригинална големина, а деловите кои недостасуваат привремено се обновени со помош на вештачка интелигенција.

Рембрант големото платно на кое е прикажан капетанот на амстердамската градска полиција што заповеда на своите луѓе, го завршил во 1642. година. Иако денес се смета за едно од најголемите ремек-дела на холандското „Златно време“, од сите четири страни пресечени се ленти во текот на преселбата во 1715.година.

Лентите не се пронајдени, но друг уметник од тоа време направил копија, додека пак реставраторите и компјутерските научници користејќи го ја неа, помешано со Рембрантовиот стил, повторно ги вратиле деловите кои недостасуваат.

-Тоа никогаш нема да биде вистинското,ама мислам дека ќе ви даде поинаков увид во композицијата, изјавил директорот на музејот „Ријкс“, Тако Дибитс.

Централната фигура на сликата, капетан Франс Банинк Кок, сега се чини дека е надвор од средиштето, како што всушност бил во изворната верзија на Рембрант. Исто така, обновен е и делот на тапанарот кој влегува во кадар крајно десно кога зачекорува на сцена, а поради што кучето лае.

Вишиот научник од „Ријкс“ музејот, Роберт Ердан, ги објаснил некои од чекорите во изработката на деловите кои недостасувале. Првенствено и „Ноќна стража“ и многу мал примерок кој се препишува на Герит Лунденс и датира од 1655.година, морало внимателно да се фотографираат.

Тогаш истражувачите ја адаптирале сликата на идентична големина и го искривиле примерокот на Лунденс, со цел подобро да се вклопи со Рембрант, каде што постоеле помали разлики во поставувањето на ликовите и предметите.

Потоа на сцена стапил софтверот за вештачка интелигенција, во обид да досегне што поблизу до Рембрантовот стил и бои.

-Резултатот на преведување на Лунденс и Рембрант кои го постигнала вештачката интелигенција е доволно добар, но не и најдобар можен. Секогаш може техниката да биде подобра, изјавил Ердеман.

 

 

 

 

Извор:

rs.n1info.com

Фото:

today.in-24.com