УЕФА го укинува голот во гости од следната сезона – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 4:51 PM

УЕФА го укинува голот во гости од следната сезона

Европската куќа на фудбалот и официјално го укина правилото гол во гости од сезоната 2020/21, по цели 55 години. Оваа одлука ќе се применува во сите клупски натпреварувања на УЕФА, Лига на Шампиони, Европа Лига и новата Лига на конференции.

Од идната натпреварувачка кампања, доколку два тима постигнат идентичен број на голови во два меча, тогаш дуелот ќе оди во продолженија од двапати по 15 минути и пенали, ако е тоа потребно.

Правилото гол во гости за првпат е воведено во 1965 година во тогашниот Куп на победници на куповите, а целта била да се избегне двобој на неутрален терен и охрабрување на гостинските тимови да заиграат поофанзивно.

 

 

 

 

Фото:

Twitter