После 24 години откриено кои биле последните зборови на принцезата Дајана – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/21 1:21 PM

После 24 години откриено кои биле последните зборови на принцезата Дајана

Поминаа 24 години од сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дајана, но сеќавањето не згаснува. Секое лето, во пресрет на годишнината од нејзината смрт, се појавува ново сведоштво во медиумите за трагедијата што се случи во Париз на 31 август 1997 година.

Во изминатите години можеа да се слушнат различни верзии за тоа како се случила несреќата со фатален исход, а сега изјавите на очевидците од местото на настанот стигнаа до јавноста. Сите тие претходно даваа изјави во полиција, но никогаш не разговараа со новинарите.

Во автомобилот кој со брзина од 65 км / час удри во подвозникот, на местото загинаа возачот Хенри Пол и тогашниот партнер на Дајана Доди Фајед.

– Освен повреденото рамо, се чинеше дека сè е во ред со жената што беше во автомобилот. Дишеше и зборуваше – се присетил командантот на противпожарната единица, Ксавиер Гурмело, кој во тоа време не знаел дека и помога на британската принцеза.

– Кога пристигнав на местото на несреќата, таа сè уште зборуваше и се движеше. На англиски јазик рече: „О Боже, што се случи?“ Можев да го разберам тоа, па се обидов да ја смирам. „Ја држев за рака“, изјави Завијер за „Дејли меил“. – Дури кога ја сместивме во автомобилот на брзата помош, дознав која е таа. Капетанот ми рече дека тоа е принцезата Дајана, и тогаш сфатив зошто ми изгледа позната.

Слично искуство имаше и д-р Фредерик Мејли, кој на местото на несреќата се нашол случајно, затоа што се враќал по тој пат дома после забава.

– Веднаш видов дека две лица се мртви. Дајана и нејзиниот телохранител беа сериозно повредени, но сепак живи.

Лекарот прво и укажал помош на принцезата, која седела на подот на „мерцедесот“.

– На почетокот изгледаше добро, па разговарав со неа на англиски јазик. Јас и реков дека сум доктор и сè ќе биде добро. Ниту кога брзата помош ја однесе, немав претстава кој е пред мене. Дури подоцна открив.

Извор: Espreso.co.rs

Фото: Профимедиа