Македонија веќе си замина од ЕУРО 2020, но информациите нашите легнеди Горан Пандев и Игор АНгеловски, кој се збогуваа со професионалната кариера на мечот со Холандија, не престануваат. Токму денешниот пост на Горан Пандев упатен кон селекторот Ангеловски покажува колку за ова време репрезентацијата била сплотена и дека ваквото функционирање на сите треба да им биде пример.
View this post on Instagram
Кога прв пат се сренавме на 20-10-2015 во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија…Шефе, благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, напиша Пандев.