Музичката икона Бритни Спирс вчера се обрати пред судот во Лос Анџелес во клучниот момент за битката која ја води против нејзиниот татко, за кого тврди дека и ја одзел можноста да управува со финансиите и деловни активности. Најболниот дел од нејзиното сведочење е моментот кога призна дека нејзиниот тим, предводен од нејзиниот татко, не сакал да забремени со друго дете.
Поп-ѕвездата разговарала со судијата Бренд Пени за проблемот со старателството, поради кое не може да ги контролира своите пари уште од 2008 година. Ова е прво судење кое било отворено за јавноста во постапката што Бритни веќе 13 години ја води против нејзиниот татко.
“Не сум среќна. Не можам да спијам. „Многу сум лута, тоа не е нормално и во депресија сум“, му рекла луто Бритни на судијата.
„Последен пат кога разговарав со Вас … се чувствував мртво. Ова Ви го повторувам затоа што мора да разберете дека не лажам. Можеби сега ја разбирате длабочината и степенот на мојата штета. Ја заслужувам промени“, им порача Бритни на сите во судницата.
И вградиле спирала против нејзината волја
Најболниот дел од нејзиното сведочење е моментот кога призна дека нејзиниот тим, предводен од нејзиниот татко, не сакал да забремени со друго дете.
„Сакав да имам можност да се омажам и да имам деца, но тие не го сакаа тоа …“
Таа исто така рекла дека и вградиле спирала, за да не остане бремена.
„Го имам овој уред во себе кој ме спречува да останам бремена. Сакам да го извадат, но тие не сакаат да ме однесат на лекар“, рекла таа.
Ја дрогирале со литиум
Бритни изјави дека во текот на 2019 година била принудена да користи литиум – опиум кој се користи за леќење на разни болести и служи како контролор на расположението. Поради литиумот била дезориентирана.
„Тоа е силна дрога. Може да добиете ментално оштетување ако го консумирате повеќе од пет месеци. Се чувствував како да сум пијана. Не можев да имам нормални разговори со моето семејство“, рекла Бритни.
Присилната работа ја спореди со трговија со бело робје
Поп-ѕвездата наведува дека иако била исрпена, истоштена и не сакала да работи, нејзиниот татко немал слух за неа.
„Уживаше во тоа што има контрола над мојот живот и ме принуди да работам седум дена во неделата“, рекла Спирс.
Нејзиниот татко и нејзиниот тим ја принудиле да одржува турнеи и концерти во Лас Вегас.
„Се чувствував како да сум жртва на бело робје. Немав пасош со мене, ниту кредитна картичка, ниту мобилен телефон“, рече таа.
„Ако сум способна да заработувам и работам толку напорно, тогаш не би требало да бидам под старателство на татко ми“, додала таа.
Сака да го тужи своето семејство
Спирс изјави дека ќе го тужи своето семејство и сите што учествувале во контролата на нејзиниот живот и дека на неа „дебело“ зарабтувале. Џејми Спирс, нејзиниот татко, од старателството заработува повеќе од 16.000 долари месечно, а таа мора да ги плаќа неговите адвокати во сегашниот судски процес.
„Ќе го тужам моето семејство. Тие заслужуваат да бидат во затвор. Го сакам назад својот живот“, рекла таа.
Со години ја замолчувале и ја спречувале да зборува јавно за тоа што и се случува
Спирс ги опиша претходните години од нејзиниот живот како „полни со стрес“.
„Би сакала да можев да разговарам со Вас на телефон, бидејќи веднаш штом ќе ја спуштам слушалката, ќе ме нападнат еден куп луѓе кои постојано ќе ми кажуваат – не, не, не. Се чувствувам злоупотребено и толку осамено“, рекла таа.
Таа исто така рекла дека не знаела дека може да покрене петиција за укинување на старателството. Како што изјавила, нејзиниот адвокат, кого не го избрала самата, ја премолчувал таа опција. Тој исто така и рекол дека не смее јавно да зборува за старателство.
„Тој ги молчеше моите права. Се чувствувам загрозено. Се плашам од луѓето. Се плашам од луѓето околу мене“, рекла Бритни Спирс.
Извор: Нова.рс