Вчеравечер од 20 часот до еден по полноќ Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 66 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај.
Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, СВР Битола-11, СВР Тетово – 7, СВР Штип-6…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Фото: portalanalitika.me