Министерот Венко Филипче и претсдателот на синдикатот на здравствените лица, Љубиша Каранфиловски изнајдоа решение за медицинските сестри кои имаат високо образование, па од септември овие работници ќе добијат поголема плата поточно надомест за своето до усоврпување во струката.
– Денеска најдовме решение за еден долгогдишен проблем. Станува збор за надоместокот за образованието за медициските сестри и техничари кои што завршиле високо школо или специјализација и се стекнале со образование од 180 до 240 кредити, а до сега тоа образование не им беше платено. Од 2015 година направен е пресек и донесена е одлука да се платат само специјализациите односно високо со кои завршиле до тогаш и сите медицински сестри и техичари кои инвестирале во своето образование од 2015 година. Го најдовме решението благодарение на одличната соработка со синдикатот и со двајцата директроти на Фондот за здравствено осигурување кои ќе ги обезбеди средствата. Од септемеври од оваа година на сите медицински сестри и техничари кои завршиле високо медицинско школо и специјализација и се стекнале од 180 до 240 кредити ќе добијат соодветен надоместок на своето образование . Ова еден начин на зголемувањето на примањата на здраствените работници кои несебично се дадоа себе си во менаџирањето на ковид кризата, изјави Филипче.
Процентот на високо образовани медицински сестри и техничари во нашата земја е околу 23%, па како што изјави претседателот на синдикатот овој процент се очекува да порасне бидејќи за тоа ќе се добие надоместок.
– Кадровските реурси се најважниот потенцијал во здравството и нивното добро менаџирање и препознавање е основа за успешен здравствен систем. Европските директиви се насочуваат кон признавање на високото здравствено образвание на медицинските сестри и техничари. И во пракса треба да биде 50 со 50, 50 отсто со средно образование, 50 отсто со високо. Во нашиот здравствен систем тој сооднос е се уште е 23 % кои се со високо образование, изјави претседателот на синдикатот Љубиша Каранфиловски.
Инаку Филипче изјави дека во недела пристигнуваат кинеските вакцини со два авиона , на две места ќе бидат складирани во Јане Сандаски и на Институтот за судска медицина. А од утре се очекуваат да пристигнат Фајзер вакцините кои ќе се дистрибуриаат во пунковите низ нашата земја.