„Алијанц Арената“ во Минхен на ЕУРО 2020 се покажа како „магнет“ за несекојдневни и неспортски ситуации, а по слетувањето на падобранецот од „Грин Пис“ во првото коло на дуелот помеѓу Германија и Франција на трибините, сега следуваше нов инцидент.
Имено, при интонирањето на химните на репрезентациите на Германија и Унгарија, на теренот истрча навивач со знаме во боите на ЛЏБТ заедницата. Навивачот со колоритното знаме мавташе пред очите на унгарските играчи, но брзо беше совладан од стјуардите и отстранет од игралиштето.
Ваквиот акт на младиот навивач се поврзува со одлуката на унгарската влада која неодамна усвои закон кој ги ограничува правата на младите на информации во врска со хомосексуалноста и трансексуалноста.
— euros out of context (@footballscomin) June 23, 2021
Секако, пораката која ја испрати активистот беше погрешно адресирана, со тоа што фудбалерите на Унгарија исклучиво си ја вршат својата работа и не се идентификуваат со унгарската влада предводена од премиерот Виктор Орбан.
За чудниот след на политички одлуки и активности на ова првенство, заслужена е и Куќата на фудбалот, откако имаше интенција да го казни голманот на Германија, Мануел Ноер, поради носење на капитенска лента во боите на ЛЏБТ заедницата на европскиот шампионат. УЕФА потоа се премисли со објаснување дека тие бои се бои на диверзитет и за добра кауза.
Фото:
news.in-24.com