ФФМ ќе мора да го промени името согласно Преспанскиот договор, рече Заев – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 9:05 PM

ФФМ ќе мора да го промени името согласно Преспанскиот договор, рече Заев

Институциите кои не се државни, но примаат пари од државата за нивно претставување надвор од границите, имаат обврска да го почитуваат Преспанскиот договор и очекувам федерациите да го следат уставното име на државата, одговори Зоран Заев на новинарско прашање во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, во врска со промената на името на Фудбаската Федерација на Македонија.

-Сите институции кои не се државни, а примаат пари од државата за нивно претставување надвор, имаат обврска според Преспанскиот договор да се променат. Очекувам федерациите дури и оние кои не примаат пари, да го следат уставното име на државата. Има горчина и кај мене, но тоа е завршена работа. Не ни требаат нови непријателства. Дефинитивно сите невладини институции, односно приватнни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, тоа треба да го направат, појасни Заев.

Премиерот ја потсети јавноста дека Фудбалската федерација на Македонија има добиено пари од Агенцијата за млади и спорт и токму поради тоа, во репрезентација каде што играат фудбалери од различни етникуми, има обврска да го почитува договорот од Преспа.