Руски авион со предупредувачки истрели кон брод на Британската морнарица во Црното Море – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 8:33 PM

Руски авион со предупредувачки истрели кон брод на Британската морнарица во Црното Море

Руски воен авион истрела предизвикувачки оган кон брод на Британската морнарица, што вплови во руските води во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека бродот „Дефендер“ на Британската морнарица ја прекршил границата кон Кејп Фиолента.

Во соопштението се наведува дека поради инцидентот интервенирал рускиот борбен авион „Su-24M“ со предупредувачки истрели и упатил закани со бомбардирање по девет минути.

По интервенцијата на Руската морнарица и Федералниот безбедносен систем (FSB), бродот на Британската морнарица ја променил рутата на пловење и се оддалечил од руската граница.

Министерството за одбрана на Русија го повика на разговор британскиот воен аташе во Амбасадата во Москва.

Кејп Фиолент се наоѓа во територијалните води на Крим, што Русија во 2014 година нелегално го анектираше, но тој според меѓународните правни норми и понатаму се смета за територија на Украина.