Човекот-харизма, бескрајно симпатичниот фудбалер на англиски Лидс Јунајтед и македонската фудбалска репрезентација, Џани Алиоски, на социјалната мрежа „Твитер“ емотивно и искрено испрати порака кон „двете легенди“ Горан Пандев и Игор Ангеловски.
Натпреварот со Холандија на ЕУРО 2020 беше и последниот за иконата Пандев во националниот дрес, по цели две децении играње фудбал, но мечот со Холандија каде што Македонија загуби со 3:0 беше и последниот за селекторот Игор Ангеловски. „Мрме“ го напушта кормилото после пет ипол години, Европско првенствно и креирање на една компактна и организирана селекција.
-Шпалир за нашите две легенди. Горан Пандев, ти секогаш беше вистинска инспирација за мене и секогаш ќе бидеш тоа. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно, ти направи со нас историја. Нема зборови да опишат колку сум ти благодарен. Ви благодарам, вистински легенди, напиша Алиоски.
Guard of honour for our two legends:#GoranPandev , you have always been a true inspiration for me, and will always be one. #IgorAngelovski , in these 6 years together, you made us write history! Words alone cannot describe how grateful I feel to you. #thankyou #truelegend pic.twitter.com/SFL5JxXwpp
— Ezgjan Alioski (@ezgjanalioski) June 23, 2021
Левиот офанзивен бек најверојатно ќе ја промени средината во летниот преоден рок. Турскиот гигант Галатасарај, но и некои руски екипи, се споменуваат како можни дестинации за Алиоски од следната сезона.
Фото:
Twitter / @EURO2020
д.ј