Во Велес се одржа првата вонредна крводарителска акција годинава – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 5:21 PM

Во Велес се одржа првата вонредна крводарителска акција годинава

Општинската организација Црвен Крст Велес и институтот за трансфузиона медицина, денеска, организираа прва вонредна крводарителска акција за 2021 година. Ниту топлото време не ги спречи велешани да даруваат крв. Денеска беа собрани вкупно 36 крвни едици од кои во најхуманото семејство како првократен крводарител се впиша едно лице. Исто така, голем број на хумани граѓани беа спречени да даруваат крв бидејќи имаат примено вакцина против коронавирусот.

 

-Сакам да напоменам, оние коишто сакаат да даруваат крв но имаат примено вакцина  во месец јуни, нема да бидат во можност. Потребни се да поминат четири недели по вакцина или ревакцина за да може да даруваат крв, рече Тамара Коцевска, волонтер во Црвен Крст Велес. 

Крводарителската акција траеше шест часа и се одржа во просториите на ликовниот салон во Велес. Причината за организирање на вонредна крводарителска акција во месец јуни е недоволен број на крвни единици.

 

Стефани Манева