По олабавувањето на мерките, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово започнаа културни активности – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 4:37 PM

По олабавувањето на мерките, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово започнаа културни активности

По олабавувањето на мерките, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово започнаа културни активности. Има програма до крајот на овој месец, а во текот не летото поради доброто време претставите и други уметнички точки претежно ќе се одржуваат на отворено

Арлинд Хусеини новиот директор на Центарот за култура Иљо Антески Смок, вели дека со олабавување на мерките и граѓаните ќе се олабават со големиот број на културни активности, кои ќе ги нуди Центарот за култура, нормално со дадените препораки на Министерството за здравство.

-Нормално дека Центарот за култура сега има нова програма. До крајот на јуни во Центарот ќе има културни, ликовни, фолклорни, издавачки и музички дејности. Се гледа публиката да биде ревидирана, но таа е стабилна, ги следи сите препораки. Ние сме задоволни од програмата во сите сфери и ќе продолжиме во таа насока, изјави Хусеини.

За време на летниот период голем дел од уметничките точки ќе се организираат на отворено. Во моментов се изведуваат некои помалку зафати, како и генерално чистење на Центарот за култура, кој беше повеќе од една година во мирување со активности сведени на минимум.

 

 

Зоран Димовски