Груевски не дојде на отворањето на унгарскиот конзулат во Штип, но затоа беше неговиот другар од детство – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 3:35 PM

Груевски не дојде на отворањето на унгарскиот конзулат во Штип, но затоа беше неговиот другар од детство

Отворањето на унгарскиот конзулат во Штип, градот со кој е врзано детството на најбараниот унгарски бегалец Никола Груевски, загатна прашање – зошто Штип е избран за негово седиште. Почесната конзулка Даниела Алексовска не е од Штип, како што до сега главно беше случај со конзулатите што се отворија изминатите години, кога штипјани се назначуваа на овие позиции.

Груевски од разбирливи причини не беше на свеченото отворање, но  затоа пак, во првиот ред беше Драган Митковски, негов другар од детство. Митковски пријатно разговараше со миниистерот за економија Крешник Бектеши, потоа беше дел од бизснис форумот.

Непознато е дали освен бизнис имал и друга улога во Штип, но Митковски веќе втор мандат ја раководи Комората на сметководители. Митковски беше сопственик на неколку регионални медиуми во време кога Груевски беше премиер, што подоцна, со смената на власта беа затворени.

Новинарите се шегуваа дека првично кога се најавило отворањето на конзулат на Унгарија во Штип пред речиси два месеци, првата помисла дека името на конзулатот е веќе познато и логично.

Штип е родното место на мајката на поранешниот премиер Никола Груевски, сега унгарски државјанин, кој често престојуваше во градот, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, кој пред некоја година ја возобнови семјната куќа во историското Ново Село.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто објасни дека Штип е избран како економски центар на Источна Македонија по предлог на министерот за надворешни работи Бујар Османи и отворените два конзулати во Западна Македонија.