Побаравме Бугарите да дозволат почеток на преговори паралелно со решавање на отворените прашања – Сијарто за вчерашниот тензичен самит – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 3:01 PM

Побаравме Бугарите да дозволат почеток на преговори паралелно со решавање на отворените прашања – Сијарто за вчерашниот тензичен самит

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој беше вчера на средбата на Комитетот за општи работи на ЕУ во Луксмебург, потврди дека расправата за Македонија поминала во како што рече „напната атмосфера“. Бугарија и покрај инсистирањето на земјите членки – приврзанички на проширувањето, останала цврста на барањето од Македонија за решавање на отворените прашања.

-Навистина имаше многу напната атмосфера, бидејќи државите кои се залагаат за проширување, како Унгарија, почувствувме голема фрустрција, затоа што секогаш ќе се појави некое прашање плус зошто не можат да почнат преговори со Северна Македонија. Со години се водеа преговори со Грција, и кога тоа заврши, се појави Бугарија. Ние од нашите пријатели Бугари, бараме само една работа како од искрени пријатели. Ние го почитуваме нивниот став за прашањата кои ги нагласуваат дека им се важни, но нашите барања е да се даде доволно време за решение и парлалелно да почнат преговорите, објасни Сијарто, кој денеска беше во посета на Штип.

На отворањето на унгарскиот конзулат Сијарто, зборувајќи за екомските услови за соработка, не пропушти да искаже жалење за приликата Македонија да ги придивижи своите евроинтеграции. Предупреди дека на Евопската Унија со Западен Балкан може да и’ се случи своевиден Брегзит, кога земјите од регионот ќе бараат други алтернативи.

-Сакам да додадам дека државите од Централна Европа се приврзаници на проширувањето и тоа како знак за тоа дека министерот Османи оди во посета на Полска и со претставниците на Вишеградската група ќе се обидеме да најдеме решение, рече Сијарто.

Унгарија денеска отвори нов конзулат во Македонија, што е трет таков во државата и прв во Источниот регион. Конзулатите се дел од економската дипломатија, во функција на засилена економска соработка.