За време на откривањето на спомен обележјето на четворицата беровски бранители кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година, колабираше припадник на Министерството за внатрешни работи. За време на говорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден од припадниците на полицијата падна на плочникот при што итно интервенираше министерката Јагода Шахпаска која беше дел од настанот.
Шахпаска која по професија е лекар заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец кој најверојатно колабирал поради топлото време.
-Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба, истакна кратко за случката министерката Шахпаска.
Министерката за труд и социјална политика во рамки на присуствот на денешниот настан положи цвеќе пред споменикот на четворицата бранители со што им оддаде почит за нивното дело.
МИА