Спортската новинарка Сејхан Шашкан, која работи во телевизискиот гигант Беин Спортс од Турција, направи интервју со гранде Пандев и селекторот Ангеловски, но она што е интересно е што со Горан интервјуто го направи на македонски јазик, а кој се слушаше на четири кон тиненти, каде што се емитува овој канал. Сејхан е презентер во оваа телевизија од 2017 година, а нејзиното потекло е од Охрид, па на симпатичен начин звучеше разговорот со Пандев на македонски јазик.
Оваа телевизија има мрежа на спортски канали во 13 земји, а е во сопственост на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, и оди во етер на арапски, англиски, шпански, француски и турски јазик.
Сејхан со Ангеловски, пак, зборуваше на англиски јазик.
View this post on Instagram