Унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто денеска во Штип отвора Конзулат – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/21 8:17 AM

Унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто денеска во Штип отвора Конзулат

Македонско-унгарски бизнис форум на кој ќе учествуваат компании од секторите Енергетика, Фармацевтската индустрија, ИКТ, Градежништво и Туризам денеска ќе се одржи во  Штип во организација на Сојузот на стопански комори (ССК).

На бизнис форумот е најавено дека ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, претседателката на ССК Данела Арсовска и Атила Галамбос од Стопанската комора на индустрија на Унгарија.

Бизнис форумот се одржува по повод официјалното отворање на Конзулатот на Унгарија во Штип.