Превозните средства ќе може да превезуваат патници со максимален капацитет – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 7:46 PM

Превозните средства ќе може да превезуваат патници со максимален капацитет

На денешната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за одобрување на превоз на патници со максимален капацитет од 100 отсто на сите превозни средства, со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, соопштија од владината прес-служба.

Превозниците имаат обврска одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција, предвидени со протоколот за организирање на превоз на патници.