Предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, денес е усвоен од Владата, информираше министерот Фатмир Бесими на својот „Фејсбук“ профил.
-Според измените на Законот на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на пет отсто, за период од први јули 2021 година до 30 јуни, 2022 година и 10 отсто за период од први јули 2022 година до 30 јуни, 2023 година, напиша Бесими.
Како што наведува министерот, целта еда им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.