Последниот натпревар на репрезентацијата на Македонија на ЕУРО 2020, воедно беше и последен натпревар на големиот Горан Пандев во дресот со национален грб. Во 68-та минута, фудбалерот на Џенова го напушти теренот, проследен со „шпалир“ од своите соиграчи, овации и аплаузи од сите присутни на стадионот „Јохан Кројф Арена“.
Бројни фудбалери од Европа и светот на социјалните мрежи му оддадоа чест на „Ел Гранде“, а во низата големи и познати играчки имиња се појави и поранешниот средњак на Спортинг Лисабон и суперстар на Манчестер Јунајтед и Португалија, Бруно Фернандес.
Цитирајќи ја изјавата на селекторот Игор Ангеловски после мечот, во однос на пензионирањето на Пандев од репрезентацијата и моментот кога Тихомир Костадинов го заменува, Бруно кратко напиша: „Никогаш фудбалот нема да биде само игра“.
It’ll never be just a game 👏🏼⚽️ https://t.co/sLycOJBsUo
— Bruno Fernandes (@B_Fernandes8) June 22, 2021
Португалија утре во последниот термин од последното трето коло во групната фаза на Европското првенство, за пласман во осминафинале ќе се соочи против главниот фаворит за освојување на трофејот, Франција.
д.ј
Фото: