Горан Пандев од скопскиот аеродром: Оваа генерација треба со златни букви да се испише – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 1:51 PM

Горан Пандев од скопскиот аеродром: Оваа генерација треба со златни букви да се испише

Македонските фудбалери пристигнаа на скопскиот аеродром и беа пречекани од голем број новинари и фанови.

Игор Ангеловски  уште еднаш официјално и денеска  изјави дека нема да биде повеќе селектор на македонската репрезентација.

– Точно е повеќе нема да бидам селектор. И посакувам на македонската репрезентација уште поголеми успеси и во иднина сите заедно да се радуваме, рече Ангеловски.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини изјави дека е задоволен и само од  учеството на Европското првенство.

– Самото учество за нас беше предизвик, им посакувам многу среќа на нашите фудбалери го дадоа својот максимум, но дали искуството или нешто друго резултатите беа тие кои ги знаете, изјави Сејдини.

Пандев посака среќа на новото раководство на ФФМ, но и на фудбалерите кои се надева дека ќе не однесат и на Светско првенство.

– Не знам за тоа треба да одлучат луѓето дали Ангеловски ќе продолжи или не, видовме и вчера по некои портали уште натпреварот не беше завршен почнаа со пишувања дека има нов селектор, па нека му е со среќа на новиот селектор и на целата генерација која се надеваме дека ќе не однесат на Светско првенство, рече Горан Пандев

Исто така истакна дека на ова Европско првенство неискуството си го направило своето, и Пандев жали што не се израдуваа навивачите на последниот натпревар.

– Жал ми е што не успеавме да освоиме барем уште еден бод. бевме многу блиску но и многу далеку овие натпревари се тешки за играње, мало искуство. Прв пат сме на Европското првенство, многу емоции. Сакавме да ги израдуваме навивачите, жал ми е, изјави Пандев и додаде дека оваа генерација треба да се испише со златни букви.