Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан денес во Штип ја промовираше книгата под наслов „Слово за словата“. Ова капитално дело на г.г. Стефан е во издание на Македоската православна црква – Охридска апрхиепископија, а се работи за труд кој е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан во изминатите 20 години како поглавар на МПЦ – ОА и низ 33-те години како архијереј во епархиите во државава и во дијаспората.
-Петте книги се беседи со кои се одбележуваат 33 години од хиротонијата и од моето востоличување во Штип и 20 години од изборот за архиеископ. Овде се поместени слова-беседи изговорени по некаков повод и овде во Брегалничката епархија и во сите епархии на МПЦ и овде во татковината и секаде во светот. Ова е втора промоција, по Скопје, и сметав дека Штип и Брегалничката епархија го заслужуваат тоа затоа што на дел од моите слова роден крај им е токму Штип и Ново Село и Брегалничката епархија, рече г.г. Стефан.
На новинарско прашање да ја искоментира средбата Пендаровски- Вартоломеј и пораката што од таму е испратена, г.г. Срефан рече:
-Ве молам тоа со него. Не бев јас таму. За пораката најдобро него ќе го прашате. Не можам да пренесувам нешто што не го знам. Со Пендаровски сум имал честопати средба, но овој пат не, рече г.г. Стефан.
(В.К.)