Мечка нападна група туристи во Русија и изеде тинејџер – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 11:59 AM

Мечка нападна група туристи во Русија и изеде тинејџер

Една тинејџерка е убиена, а едно лице е повредено во напад на мечка врз група туристи во Националниот парк Ергаки, во регионот Краснојарск во Русија, соопштија денеска регионалните власти.

Како што се наведува, во групата која била нападната од мечка имало 13 лица, а 16-годишен тинејџер починал од повредите, пренесува ТАСС.

Мечката била застрелана бидејќи била агресивна и се обидела да нападне еден од чуварите на паркот. Истрагата за инцидентот е во тек.

Според директорот на паркот, Игор Грјазин, агресивноста на мечките може да се објасни со студеното време во таа област, бидејќи обилниот снег не им дозволува на животните да најдат доволно храна.

 

Покрај тоа, туристите се движеа по патека што била далеку од официјалната туристичка рута.

Управата на паркот побара од туристите да се движат само по официјални рути, како и да го пријават секој случај на гледање мечки.

Паркот Ергаки се наоѓа на југот на регионот Краснојарск, а неговата површина е 342.000 хектари.

Извор: Телеграф.рс