(Видео) Холандски и македонски фанови заедно го славеа Горан Пандев среде Амстердам – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 11:07 AM

(Видео) Холандски и македонски фанови заедно го славеа Горан Пандев среде Амстердам

Холандската репрезентација со максимални девет бода влезе во осминафиналето на Еуро2020 откако ја совлада Македонија со 3:0, а победата ја славеа навивачките групи на двете земји заедно.

Холандските медиуми објавија видео од славјето на Македонците и Холанѓаните во кое главен беше штипјанецот Тоше Цебов кој се прослави со видеото на кое чукаше во дупнатиот тапан на мечот Македонија – Украина во Букурешт.

И покрај поразот, македонските фанови покажаа дека фудбалот не признава поделби и кавги, а холандските навивачи им возвратија со скандирање на легендарниот Горан Пандев кој доби стоечки овации на арената „Јохан Кројф“.

извор: NU.nl

видео: Twitter