Како да препознаете која е сочна и слатка лубеница – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/21 10:05 AM

Како да препознаете која е сочна и слатка лубеница

Често се случува да купите лубеница која изгледа добро однадвор, но кога ќе почнете да ја сечете, сфаќате дека сте погрешиле со изборот затоа што не е толку сочна и слатка. За да избегнете таква ситуација, „Real Simple“ предлага неколку трикови и проверки што можете да ги направите пред да ги ставите омилените летни плодови во корпата.

  1. Погледнете ги лентите

Бојата на лубеницата ја означува нејзината зрелост и секогаш треба да ја изберете онаа што има многу изразени ленти. Би требало да има темно зелени и светло жолти.

  1. Чукнете ја

Оваа проверка е многу популарна, но многумина не знаат кој звук покажува дека лубеницата е добра. Ако звучи шупливо, тоа значи дека има повеќе вода и е зрело. И обратно, кората е густа, а лубеницата сè уште не е зрела.

  1. Изберете ја најтешката

Земете неколку лубеници за да ја пронајдете најтешката – таа има многу вода и е послатка од другите.

  1. Внимавајте на обликот

Секогаш бирајте лубеници кои повеќе се округли од овални – тие се послатки и посочни, а овалите често се без вкус. Исто така, не ги игнорирајте необичните нерамнини на лубеницата – ако ги има, тоа не е добро.

Извор: Espreso.co.rs