Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски, во квалификациите за Светското првенство во Катар заработи повреда која за жал го оддалечи од терените во Букурешт и Амстердам и го остави селекторот Игор Ангеловски со опција помалку во навалната линија.
Сепак, поради вложениот претходен труд и како дел од историскиот успех преку кој Македонија за првпат се пласираше на еден голем фудбалски турнир, Ангеловски го повика Несторовски во составот од 26-мина.
Несто-гол не ги почувствува тревниците на Европскиот шампионат, но си пронајде друга, малку поинаква улога во таборот на „рисовите“.
Поранешниот шпиц на Палермо и Интер Запрешиќ, ќе ја промени професијата. Од денес, за него фудбалот е во втор план.
Несторовски позади објективот може да ни донесе среќа и први бодови на ЕУРО 2020, зошто да не.
Фото:
Twitter / @MacedoniaFooty
д.ј