Денешниот натпревар против Холандија, освен што ќе претставува и официјално збогување на македонската фудбалска репрезентација од Европското првенство, туку ќе биде и последен во „црвениот“ дрес на иконата Горан Пандев.
Во пресрет на третото коло од групата Ц и гостувањето на „Јохан Кројф Арената“, Пандев на прес-конференцијата за медиумите ја соопшти оваа одлука. Фудбалерот на Џенова и европски првак со екипата на Интер од 2012 година, дебито за репрезентацијата го имаше во далечната 2001 година против Турција, а за националниот грб одигра 121 меч, постигнувајќи 38 погодоци.
Веста за повлекувањето од репрезентацијата на Пандев, ги натажи сите вистински љубители на фудбалот во нашата земја, но и на екс-ју просторите. Крилниот напаѓач на германски Штутгарт, Дарко Чурлинов, на својот „Инстаграм“ профил испрати емотивна и искрена порака за „Гранде Пандев“.
-Првпат кога ме однесе татко ми на „Градски стадион“ ти се восхитував, сега за последен пат сум со тебе на теренот додека го носиш за последен пат светиот дрес. Огромна е честа, „Гранде“, напиша Чурлинов.
Талентираниот играч од навалната линија на Штутгарт, на денешниот меч ќе ја чека својата шанса од клупата.
Фото:
ФФМ
д.ј