Миа Блажевска Еминова сруши три државни рекорди во пливање – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 3:32 PM

Миа Блажевска Еминова сруши три државни рекорди во пливање

На Меѓународниот пливачки митинг “Белградски победник”,Миа Блажевска Еминова постави 3 нови рекорди на Македонија.

На 100м грбно постави нов апсолутен и младински рекорд со време од 1:04.41,додека на 100 метри слободно постави нов младински рекорд со време 57.13 секунди. Миа освои  вкупно 741 ФИНА бод што ја прави најдобра пливачка во Македонија.

И Филип Дерковски  со испливано 4:04:10 на 400 слободно и освоено 732 ФИНА бодови на европското првенсво во Будимпешта може да конкурира за место на Олимпијадата во Токио која ќе почне на 23 јули.