После 15 месеци, пејачката Тања Савиќ конечно успеа да ги види своите синови Максим и Ѓорѓе.
Тие беа со нејзиниот сè уште законски сопруг Душан во Австралија, а гордата мајка сега успеа да ги врати во Србија.
Целото семејство се собра на аеродромот Никола Тесла да ги пречека. Савиќ, видно насмеана, излезе со нејзините наследници и им позираше на фоторепортерите.
– Јас победив! Воопшто не можам да размислувам за развод, бидејќи дефинитивно победив – кратко изјавила Тања за Србијаданас.
На излезот од аеродромот, ги чекала бела лимузина за да ги однесе дома.
Нема сомнеж дека Тања Савиќ се погрижила за секој детаљ, за нејзините миленици целосно да уживаат.
Извор: Србијаданас.рс