И покрај индискиот сој во земјава, нови мерки нема да има, смета Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 12:34 PM

И покрај индискиот сој во земјава, нови мерки нема да има, смета Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денес на средбата со новинарите во Црвениот крст даде информации за индискиот сој,  кој веќе е присутен  во земјава, но и дали поради овие двата случаи ќе се воведат дополнителни мерки.

– Станува збор за наши двајца сограѓани кои дошле од Виена и во тие случаи не е детектиран никаков ризик. Во однос на мерките ги анализираме податоците во нашата земја, ги анализираме и податоците во околните земји. Кај нас ситуацијата е стабилна, имаме мал број на заразени, мал број кои се јавуваат во болница за прием, малиот број на прегледи во болниците  на дневна основа. И тоа ни укажува дека ситуацијата е мирна, и дека нема зошто дополнително да се воведуваат мерки. . Сите други земји во Европа одат кон попуштање на мерките и сите имаат исто мислење дека епидемолошката состојба спласнува. Значи во овој период не планираме никакви мерки и рестрикции поради тоа што не гледаме некаков ризик, но внимателно ја следиме целата ситауција, не само кај нас туку и во регионот, изави министерот.

Филипче исто така истакна дека 20 проценти од населението е веќе вакцинирано така да не преставува некаков проблем што мерките се разлабавени и што младите почнаа да се враќаат во нормала. Тој исто така најави дека во петок преку Ковакс системот доаѓаат уште вакцини на Фајзер кои ќе бидат дистрибуирани во сите осум пункта низ земјава.

– Ние имаме околу 240 илјади вакцинирани граѓани,  околу 200 илјади се ревакцинирани, а околу 180 илјади луѓе чекаат термин. Во петок се очекува да стигнат уште  вакцини на Фајзер преку Ковакс системот, што ќе бидат поделени во осумте  центри. Што значи дека 20 проценти  од населението е вакцинирано. Но и покрај олабавуањето на мерките сепак се почитуваат прописите  дека само 50 посто од капациетите трба да бидат пополнети во објектите.  Сметаме дека нема простор за сомневање дека ќе се влоши состојбата, но секако ако дојде до такво нешто ќе размислуваме за мерки, кажа Филипче  и додаде дека во земјава одамна има мерка од 14 дена карантин за патниците од Индија кои доаѓаат во нашата земја.

Исто така Филипче истакна дека Цревениот крст многу помогна за време на пандемијата со Ковид 19.

-Црвениот крст еден од најсериозните партнери кои што ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како во волонтерските акции, така и во одржувањето на нашиот систем во ковид центрите, но посебно сега во процесот на спроведување на масовната имунизација, во буквално сите пунктови ширум државата. Ние и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме институтот за трансфузиологија, рече Филипче.

(В.П.)