Срамно е да се наплаќаат сведителства во година одржана преку неквалитетна онлајн настава, реагираат од Сојузот на средношколци – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/21 10:29 AM

Срамно е да се наплаќаат сведителства во година одржана преку неквалитетна онлајн настава, реагираат од Сојузот на средношколци

Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно, реагираат од Сојузот на средношколци на денешната прес-конференција.

-Бараме државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите училишта кои претходно ги именувавме. Ги поздравуваме инспекциите, но навистина не интересира методологијата на извештаите, односно како доле до овие заклучоци.

Ние знаеме кои сте, вие знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците, зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но особено во училишна година, целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава, со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа. Бирото за развој на образование од необјасливи причини оваа година не ги обезбеди сведителствата за сите средношколци на ниво на државата, велат од Сојузот на средношколци.

На новинарско прашање кои се тие училишта, од Сојузот на средношколци беа кажани: Средното медицинско училиште во Тетово, Средното економско училиште од Тетово, гимназијата Зефљуш Марку во Скопје и прилепската гимназија Мирче Ацев.

М П.Н.